- Наплата/сервисирање на побарувања
Најсовремени позитивни методи за сервисирања на ненаплатените побарувања кои во целиот процес ги почитуваат стандардите за сигурност и безбедност. Методот на наплата гарантира ефикасност, а притоа за клиентите што имаат значајни предизвици во наплатата значи заштеда на време, ресурси и трошоци. Со професионално решавање на проблемот со ненаплатените долгови обезбедуваме можност за економски развој, финансиска стабилност и успешно регулирање на сите доверителско-должнички односи на секој наш соработник.
- Откуп на побарувања
Откупот на побарувања подразбира пренос на сите права и обврски, како и ризикот од неплаќање. По извршена детална анализа на портфолиото и видот на побарувањата, се нуди најсоодветна цена на откупот. Компаниите што ќе се одлучат за продажба на своите побарувања се ослободуваат од ризикот на ненаплатливост на долговите, а воедно си обезбедуваат прилив на средства, што е корисна алатка за одржување на ликвидноста за секоја компанија.