Q&A
- Кои се методите за наплата на побарувања?
Телефонска комуникација, писмени опомени, СМС, електронска пошта.
- Колку трае процесот за наплата?
Во зависност од секој поединечен случај, од неколку недели, до неколку месеци.
- Кој е најефикасен начин за наплата на побарување?
Навремено известување за долгот, постојано следење на доспеани побарувања.
- Како се започнува процес на присилна наплата на побарување?
Доколку долгот не се наплати договорно, се преминува кон присилна наплата, чиј процес започнува со поднесување на предлог за издавање на решение за нотарски платен налог.
- Како можеме да стапиме во контакт со оператор од НАН?
На телефонскиот број 13525.
- Каде можам да извршам уплата за моите обврски кон НАН?
Уплата може да се изврши на следнава жиро сметка: 300080000253493. Депонент Комерцијална банка.
- Како се пренесува едно побарување кон Националната агенција за наплата на побарувањата?
Секое побарување може да се пренесе со договор за отстапување на побарување склучен помеѓу тогашниот доверител (цедент) и новиот доверител (цесионер).
- Кои се последиците доколку одреден долг не биде подмирен?
Доколку одреден должник одбива договорно да го подмири својот долг, може да се соочи со дополнителни адвокатски, нотарски и извршителски трошоци како последица од започнување на процес на присилна наплата.